• вторник, 24 декември 2024

Договорена голема еколошка акција во општина Дебар

Договорена голема еколошка акција во општина Дебар
Дебар, 28 март 2022 (МИА) - Во почетокот на идниот месец општина Дебар во соработка со сите чинители кои дејствуваат во оваа општина, ќе организира голема еколошка акција за чистење на градот и руралните средини. Ова беше договорено на  денешната попладневна, инаку, прва  консултативна средба на која се разговараше по  многу прашања поврзани со организацијата и спроведувањето на оваа акција. Средбата се одржа под раководство на градоначалникот Хекуран Дука, кој е главен иницијатор за оваа активност, насочена за  што почиста и поздрава животна средина. - Искажувам голема благодарам до  сите вас  кои со своето присуство на оваа средба покажавте максимален интерес  за оваа наша зелена агенда. Како локална власт ги повикуваме и другите поединци и субјекти од овој град да придонесат за реализација на оваа многу важна активност.  За датумот  на акцијата и за сите други детаљи ќе објавиме на страната на општина Дебар  на Фејсбук и на  официјалната веб страна, рече Дука. На средбата присуствуваа претставници на институции и невладини организации а како што беше речено  во акцијата ќе учествуваат  администрацијата на општина Дебар, Јавното комунално претпријатие „Стандард", подружницата „Стогово" на ЈП „Национални шуми", како и други локални институции, невладини организации и бизниси. Дел од нив освен со човечки потенцијал ќе бидат ангажирани и со сопствена механизација камиони, багери и слично. вт/цр

Остани поврзан