• понеделник, 02 февруари 2026

Добринт: Германија ќе ја продолжи соработката со САД во областа на разузнавањето

Добринт: Германија ќе ја продолжи соработката со САД во областа на разузнавањето

Берлин, 2 февруари 2026 (МИА) – Германскиот министер за внатрешни работи, Александер Добринт за весникот „Augsburger Allgemeine“ изјави дека Германија ќе продолжи со тесната соработка со САД во областа на разузнавањето.

- САД се и остануваат наш партнер, изјави Добринт за весникот во коментари објавени во понеделникот.

Тој додаде дека овој принцип не треба да се менува „без оглед на моменталната политичка ситуација“, во контекст на критиките упатени кон САД и претседателот Доналд Трамп.

Добринт исто така најави планови за дополнително зајакнување на германските разузнавачки служби. Тој истакна дека сака да ја претвори домашната разузнавачка агенција, Сојузната канцеларија за заштита на уставот, во „вистинска разузнавачка служба опремена со ефективни оперативни способности“.

Германскиот министер додаде дека соработката со странските агенции, вклучително и оние на САД и Израел, ќе продолжи да се проширува. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан