Добитниците на наградата „Антево перо“ за 2022 година ќе бидат познати до крајот на месецов
- Во наредниот период членовите на жири-комисија ќе ги разгледа сите пристигнати поетски дела кои конкурирале за наградата „Антево Перо“ за 2022 година и ќе направат првична селекција, по што ќ
Скопје, 7 септември 2022 (МИА) - Во наредниот период членовите на жири-комисија ќе ги разгледа сите пристигнати поетски дела кои конкурирале за наградата „Антево Перо“ за 2022 година и ќе направат првична селекција, по што ќе биде сочинет и потесен список на книги кои ќе останат во конкуренција за престижната награда. Победникот на конкурост ќе биде познат и објавен кон крајот на месецов. Годинава во конкуренција се 76 поетски збирки од автори од земјата, но и од автори кои творат на македонски јазик, а живеат во Австралија, Хрватска, Австрија, Шведска и Словенија.
Годинава меѓународната поетска манифестација „Антево перо“, во рамки на која се објавува Конкурсот за наградата „Антево перо“ за необјавена стихозбирка на македонски јазик, одбележува мал, но многу значаен јубилеј – 5 години од воспоставувањето на оваа награда како исклучително поетско признание во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.
-Со големо задоволство можеме да кажеме дека манифестацијата „Антево Перо“ сѐ повеќе расте и секоја година интересот за учество на Конкурсот за необјавена стихозбирка е сѐ поголем. Пријатно и преубаво е чувството да се сооопшти дека поетскиот натпревар за наградата востановена во чест на поетот Анте Поповски и овојпат предизвика голем интерес, што се огледа во пристигнатите 76 поетски збирки од автори од земјата, но и од автори кои творат на македонски јазик, а живеат во Австралија, Хрватска, Австрија, Шведска и Словенија, велат од тимот на манифестацијата.
Според нив, одличниот одѕив е јасна и силна потврда дека Анте Поповски е поет кој со своите стихови и стил на изразување претставува вистинска инспирација, но и своевиден идол на нови генерации творци кои се изразуваат во стих. сст/лв/