• недела, 20 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ди Марцио: Конте може да остане во Наполи

Ди Марцио: Конте може да остане во Наполи

Неапол, 29 мај 2025 (МИА) - Раководството на Наполи одржа состанок со тренерот Антонио Конте. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, фудбалскиот стручњак може да остане во клубот.

Конте им соопштил на челниците на Наполи дека досега не преговарал со други клубови и покрај шпекулациите дека Јувентус веќе стапил во преговори за негово враќање.

Завршниот состанок за иднината на Конте во Наполи е закажан за 31 мај.

Конте е на чело на Наполи од 2024 година. Под водство на 55-годишниот специјалист, тимот сезонава ја освои Серија А. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан