• петок, 10 мај 2024

Дијамантската лига стартува во Ксиамен во април

Дијамантската лига стартува во Ксиамен во април

Лондон, 25 септември 2023 (МИА) – Организаторите на Дијамантската лига го објавија вечерва календарот на атлетски митинзи во 2024 година.

Воведниот митинг ќе се одржи на 20 април во кинескиот град Ксиамен, додека финалето е закажана за 13 и 14 септември во Брисел.

Идната година на програмата се Олимписките игри во Париз, од 26 јули до 7 август., а последниот митинг од Дијамантската лига пред почетокот на најголемиот спортски настан ќе се одржи на 20 јули во Лондон.

Дијамантска лига – календар на митинзи во 2024:

20. април Ксиамен (Кина)

27. април Шангај (Кина)

10. мај Доха (Катар)

19. мај Рабат (Мароко)

25. мај Јуџин (САД)

30. мај Осло (Норвешка)

2. јуни Стокхолм (Шведска)

7. јули Париз (Франција)

12. јули Монте Карло (Монако)

20. јули Лондон (Велика Британија)

22. август Лозана (Швајцарија)

25. август Вроцлав (Полска)

29. август Рим (Италија)

5. септември Цирих (Швајцарија)

13/14 септември Брисел (Белгија). ег/

ФОТО: Х

Остани поврзан