• петок, 05 декември 2025

Дискусија: „Зелена мрежа на советници: Партнерства за зелена иднина“

Дискусија: „Зелена мрежа на советници: Партнерства за зелена иднина“

Скопје, 22 ноември 2025 (МИА) - Настанот „Зелена мрежа на советници: Партнерства за зелена иднина“ кој има за цел да поттикне соработка меѓу локалните зелени советници и да отвори дијалог за клучните предизвици поврзани со загадувањето и здравјето ќе се одржи денеска со почеток во 12 часот, во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје,  во организација на Демократска обнова на Македонија – ДОМ. 

Како што соопштуваат организаторите, присутните ќе имаат можност да ги следат воведните излагања и дискусија на теми од јавен интерес, како што се „Загадување на воздухот – Од каде да почнеме и како да го зголемиме притисокот?“ која ќе ја претстави Јане Димески, советник во Општина Центар од Независни заедно и „Здравјето и аерозагадувањето – Невидливиот ризик што го игнорираме“ на која ќе зборува Антони Новотни, советник во Општина Центар од Демократска обнова на Македонија – ДОМ.

По воведниот дел ќе следи интерактивна дискусија со присутните посветена на локалните зелени политики, здравјето и квалитетот на воздухот.ар/аа/
Фото:Постер

 

Остани поврзан