Дискусија за промовирање и имплементација на Националните стратегии за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризам
- Националните стратегии за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризмот беа промовирани денеска во Општина Струга во организација на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот и ОБСЕ.

Струга, 9 октомври 2023 (МИА) - Националните стратегии за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризмот беа промовирани денеска во Општина Струга во организација на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот и ОБСЕ.
На настанот, како што соопшти Општина Струга, се обратил и градоначалникот Рамиз Мерко, кој ја потенцирал важноста на темите.
Според Мерко потребна е постојана комуникација со сите засегнати страни, но и внимателен пристап, да се превенираат пред да се случат таквите настани.
- Она што е важно е да не чекаме да се случат работите, туку внимателно да ги следиме и да ги превенираме, истакнал Мерко.
Општина Струга има Совет за безбедност, чии теми меѓу другото, се и спречување на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот. сс/вг/
Фото: Општина Струга