• понеделник, 23 декември 2024

Дискусија „Етика и политика: портрет на доблесниот политичар“

Дискусија „Етика и политика: портрет на доблесниот политичар“
Скопје, 31 март 2022 (МИА) - Дискусија на тема „Етика и политика: портрет на доблесниот политичар“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Форумот за разумни политики. - Идејата за настанот е поттикната од потребата да се иницира и продлабочи дискусијата за стандардите за доблесно однесување на политичарите, во и надвор од изборниот процес. Дел од тие стандарди се обработени во документот „Водич за доблесни политичари“, кој исто така ќе биде претставен за време на дискусијата, соопшти Форумот за разумни политики. На настанот ќе учествуваат новинари кои ќе ги споделат своите ставови, размисли и препораки за тоа што значи доблесно однесување во политичкиот простор, политички интегритет, важноста на јавно искажаниот збор. Од друга страна, додаваат, претставници на политичките партии ќе ги изложат своите погледи за тоа кои поведенија на политичарот би можело да се сметаат како добри. - Добри во етичка смисла, добри како вредност, вредност која промовира вредности, која го упатува гласачот да избере вредност, да препознае вредност, конечно да ја награди вредноста на денот на изборите, посочуваат од Форумот за разумни политики. мс/хс/

Остани поврзан