• петок, 22 ноември 2024

Директорот на ЦУК направи увид на поставената сигнализација на опасна точка на регионалниот пат Пониква - Кочани

Директорот на ЦУК направи увид на поставената сигнализација на опасна точка на регионалниот пат Пониква - Кочани
Кочани, 18 април 2022 (МИА) – Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов попладнево изврши увид на новата сообраќајна сигнализација на опасна точка од регионалниот пат Кочани – Поникв, кај месноста Аеродром, за што беше пред околу една година беше упатено барање до надлежните државни институции. Од контролата на терен, претставниците од ЦУК утврдија дека на нивното барање е добиен позитивен одговор и имало соодветни активности на терен, но за целосна безбедност на возачите потребна е дополнителна заштита. - По иницијатива на ЦУК во мај минатата година се одржа координативен состанок со надлежните министерства, на кој се иницираше поставување соодветна вертикална и хоризонтална сигнализација на коловозот. Се работи за место на коешто регионалниот пат се одвојува од помошната аеродромска писта, изградена од поранешната Југословенска народна армија (ЈНА), а чија асфалтна површина завршува со провалија. Поставен е патоказ за свртување во десно, што го означува правецот на Кочани при враќање од планинскиот туристички центар, како и други сообраќајни знаци што предупредуваат на опасноста дека возењето право е по слеп пат, односно дека коловозот завршува. Со тоа возачите соодветно се известени во кој правец треба да се движат, за да се намали опасноста од евентуални несреќи. Сепак, таму каде што патот преминува во аеродромска писта треба да се постави вибрирачка лента која дополнително ќе ги предупредува возачите за опасноста, како и да се инсталира метален браник на завршетокот на патот, истакна Ангелов. Од Центарот за управување со кризи очекуваат и Општина Кочани да помогне за поставување неколку столбови со светилки на опасната точка, што не би претставувало голем финансиски трошок со оглед што во непосредна близина има електрична мрежа за јавно осветлување. Минатата година на оваа локација се случи трагична сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, а две беа повредени. та/мс/

Остани поврзан