• петок, 05 декември 2025

Директорот на ЦУК Али на панел-дискусија со високи претставници на НАТО во Софија

Директорот на ЦУК Али на панел-дискусија со високи претставници на НАТО во Софија

Скопје, 9 септември 2025 (МИА) - На покана на Евро-атлантски центар за координација на реакции во случај на катастрофи, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али, денеска присуствува на панел-дискусија со високи претставници на НАТО во Софија, Република Бугарија. Настанот се одржува во рамките на НАТО вежбата “BULGARIA 2025”.

Како што информираат од ЦУК, на настанот има три панели, за подготвеноста како нова врска за соработка, со акцент на зајакнување на механизмите за превенција и навремена реакција при кризни состојби, за партнерства во управување со кризи и градење отпорност, со истакната важност на соработката меѓу националните институции, меѓународните организации и партнерските држави, како и за информациски закани и управување со кризи, со нагласување на улогата на дигиталната безбедност и справувањето со дезинформации во услови на кризни ситуации.

Овој настан, како што се наведува во соопштението, ја потврди важноста на меѓународната соработка, размената на искуства и унапредувањето на националните и регионалните механизми за управување со кризи. ев/хс/

ФОТО: 

Остани поврзан