• петок, 05 декември 2025

Директорката на КОВЗРГ Трајковска упати телеграма со честитки по повод почетокот на велигденскиот пост

Директорката на КОВЗРГ Трајковска упати телеграма со честитки по повод почетокот на велигденскиот пост

Скопје, 3 март 2025 (МИА) - Директорката на КОВЗРГ, Оливера Трајковска упати телеграма со честитки по повод почетокот на велигденскиот пост до Поглаварот на МПЦ-ОА, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан, до членовите на Синодот, до свештенството и монаштвото, како и до сите верници од православна вероисповед.

-Престојниот Велигденски пост – периодот за личен и заеднички духовен подвиг е пред нас, да бидеме сите заедно во Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква. Во име на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, како и од мое лично име, Ви упатувам искрени зборови и тивки молитви за благословен и мирен Велигденски пост. Нека ова време на пост и покајание биде причина за укрепување во нераскинливо духовно поврзување. Нека нашите срца се очистат и подготват за најсветиот празник Воскресението Христово, пишува Трајковска во честитката.

Во Светото Писмо, додава таа, е напишано „овој, пак, род се истерува само со молитва и пост“. Затоа , апелира, во овој возвишен период нека нашите молитви бидат искрени и нашите дела исполнети со љубов, како што подучувал и самиот Христос.

-Божјиот благослов да биде со Вас, вели таа, да живееме во мир, со меѓусебна почит и да даруваме љубов христијанска во овие свети денови, а овој пост да нè води кон духовно ослободување и спасение.Благословен и мирен Велигденски пост!, пишува Трајковска во честитката по повод почетокот на велигденскиот пост. сст/ац/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан