Дипломат од Киргистан претепан во Москва
- Во центарот на Москва непознат маж го претепал вицеконзулот на амбасадата на Киргистан, Тигран Кондахјан.

Москва, 13 јуни 2020 (МИА) - Во центарот на Москва непознат маж го претепал вицеконзулот на амбасадата на Киргистан, Тигран Кондахјан.
Дипломатот изјавил дека имал конфликт со непознат млад маж во близина на една метро станица, а потоа тоа прераснало во расправија и тој добил удар во главата.
Вицеконзулот по инцидентот поднел пријава во полиција и започната е потрага по напаѓачот.
Кондахјан работи во киргистанската амбасада во Москва од 2016 година. гт/