Димчо Атанасовски: Заедно за развој и посветла иднина на Македонска Каменица
- Актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, денеска се обрати пред сограѓаните со повик за масовно излегување на локалните избори, кои ќе се одржат на 19 октомври.
Македонска Каменица, 17 октомври 2025 (МИА) – Актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, денеска се обрати пред сограѓаните со повик за масовно излегување на локалните избори, кои ќе се одржат на 19 октомври.
-Срцето на Македонска Каменица е во секој од вас. Заедно можеме да продолжиме да градиме општина во која секој ќе има можности и сигурност, истакна Атанасовски во своето обраќање.
Тој нагласи дека животот не е секогаш лесен, но со заедничка посветеност и труд се создаваат услови секое семејство да се чувствува сигурно, а секој граѓанин да гледа перспектива за подобар живот во својата родна општина.
-Ова е патот на развојот и просперитетот, кој само обединети можеме да го продолжиме. Патот на сигурност, развој и достоинство за сите нас, додаде Атанасовски, повикувајќи ги граѓаните да го заокружат бројот 9 на изборите.
Атанасовски, исто така, ја истакна соработката со Гоце Стоиловски, носител на листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ, со цел продолжување на започнатите проекти, создавање нови работни места и подобрување на животот за секое семејство во општината.
-Само заедно и обединети можеме уште повеќе – повеќе проекти, повеќе работни места и повеќе подобрувања за секој дел од нашиот град. Вашата доверба и поддршка се нашата најголема сила“, заклучи Атанасовски.вс/ар
Фото:Принтскрин Димчо Атанасовски кандидат за градоначалник