• недела, 29 септември 2024

Димовски - Рокас: Забрзување на процесот на отворање на преговорите со ЕУ

Димовски - Рокас: Забрзување на процесот на отворање на преговорите со ЕУ

Скопје, 12 септември 2024 (МИА) - Заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски денеска остварил средба со новоакредитираниот амбасадор на Делегацијата на Европската Унија, Михалис Рокас.

Честитајќи му на амбасадорот за новата должност, заменик-претседателот Димовски му се заблагодарил на амбасадорот Рокас за континуираната поддршка на делегацијата на ЕУ на нашиот евроинтегративен процес.

-Основните точки во отворениот и плоден разговор беа ставени на активностите на Владата во следниот период и предизвиците во забрзување на процесот на отворање на преговорите, владеењето на правото со враќање на довербата кај граѓаните во правосудниот систем, премостување на отворените прашања и интензивирање на економскиот раст, дополнително со предвидената финансиска поддршка од страна на Европската Унија, соопшти владината прес-служба.

Истовремено, соговорниците го споделиле ставот за новите можности за уште подлабока соработка со делегацијата на ЕУ. дма/лв/

Фото: Влада



Остани поврзан