• понеделник, 23 декември 2024

Димовски доби нов мандат за претседател на Боксерската федерација на Македонија

Димовски доби нов мандат за претседател на Боксерската федерација на Македонија
Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – На Изборно собрание на Боксерската федерација на Македонија одржано во текот на вчерашниот ден, досегашниот претседател, Примислав Димовски доби едногласна доверба од делегатите да ја предводи федерацијата и во следните четири години. На Собранието присуствуваа 28 делегати и сите едногласно одлучија Примислав Димовски да биде прв човек на БФМ. - Се заблагодарувам на довербата, сакам да потенцирам дека ова ќе биде втор и последен мандат согласно законот. Ќе се вложам максимално боксот во Македонија да се развива, ќе барам да се работи според правилата, сите клубови да имаат услови за подобра работа, да имаме стабилност како и досега, репрезентацијата да ги ужива сите услови за добра работа, да нема неизвесност, изјави Димовски по реизборот. Едногласно е избран и новиот Управен одбор, нови челнови се Фатон Асани, Душко Сачкарски, Самет Саливески и Петре Неделковски. Во составот на УП се уште и Горан Трајановски, Ден Дончев, Блажо Донев и Фатон Салиху кој воедно е реизбран за потпретседатен на федерацијата, соопштија од БФМ. зс/

Остани поврзан