• понеделник, 02 февруари 2026

Димовска на состанок на генералните секретари на парламентите на ЕУ

Димовска на состанок на генералните секретари на парламентите на ЕУ

Скопје, 2 февруари 2026 (МИА) - Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, учествувана состанокот на генералните секретари на парламентите на ЕУ, што се одржува во Копенхаген, Кралството Данска.

Како што информира собраниската прес-служба, во воведната сесија се обрати потпретседателот на данскиот парламент, Ларс Кристиан Браск, кој го нагласи значењето на мултилатерланата соработка на ниво на генерални секретари во подготовката на претседателската конференција.

Димовска учествуваше во двете сесии: „Отпорноста на демократите соочени со предизвици“ и „Осигурување континуитет и безбедност во време на хибридните закани“.

- Димовска истакна дека ВИ не е скратен пат до модернизација, таа е моќна, но неутрална алатка. Ако воведеме и работиме со вештачка интелигенција според јасни правила, човечки надзор и почитување на демократските вредности, вештачката интелигенција може да придонесе за потранспарентен, подостапен и поефикасен парламент - стои во соопштението.

Учесниците, како што се наведува, во панелот нагласија дека ВИ веќе е присутна во работата на парламентите, но одговорност на парламентите е како ќе ја употребуваат, колку и какви насоки и упатства ќе применуваат при употреба на ВИ, како и при чување на документите и постапување со нив.

- Во контекст на хибридните закани, беше истакната важноста од обезбедување на континуитет во работата на парламентите, одржување доверба во институциите и стабилност во работата како резултат на подготвеноста на парламентите да предвидат ризик во работењето, кои бараат меѓупартиска соработка и постојана размена на искуства меѓу парламентите. Димовска во своето обраќање нагласи дека подготвеноста на парламентите е клучна; оттука, обуките, симулациите за пратениците и службата треба да се на редовна основа, практични и приспособени на улогата на парламентите затоа што служба која ја разбира технологијата овозможува одговорност, транспарентност, легитимитет и доверба во институциите - се вели во соопштението. мд/вј/

Фото: Собрание 

Остани поврзан