• понеделник, 23 декември 2024

Димковски: На почеток на жетвата, нови мерки и поддршка за производителите на јачмен, пченица и ориз

Димковски: На почеток на жетвата, нови мерки и поддршка за производителите на јачмен, пченица и ориз

Скопје, 9 јули 2023 

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

СДСМ покажува вистинска грижа и го исполнува ветеното кон земјоделците.

Оваа 2023 година е година на навремени и брз исплати на субвенциите, во време кога им се најпотребни на земјоделците.

За само шест месеци исплатени се 5,5 милијарди денари за субвенции за полјоделците, тутунарите, лозарите, овоштарите, оризарите,  сточарите и млекопроизводителите.

За 2022 година веќе се исплатени сите директни субвенции по хектари и по грло добиток, во тек е исплатата и на дополнителните субвенции, а следува авансната исплата на субвенциите за оваа тековна 2023 година. 

На самиот почеток на жетвата, со нови мерки за поддршка за пченица и јачмен повторно излегуваме во пресрет на барањата на земјоделците.

Креираме нова мерка за поддршка на пченицата: дополнителни 3 денари за продаден килограм пченица во период до 31 август 2023 година.

Со овие мерки производителите на пченица, добиваат дополнителна поддршка, но ги полниме и домашните капацитети со домашно производство.

Креираме и мерка за дополнителна субвенција за остварено производство на јачмен во вредност од 12.000 денари по хектар, без скалесто субвенционирање.

За производителите на житни култури, обезбедуваме финансиска поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство од род 2023 година и го зголемивме рокот за предавање.

Наместо од 1 август, ќе почнува од 15-ти јуни и ќе трае до 1 септември 2023 година, со цел да ги опфатиме и оние земјоделци кои досега веќе го предале своето производство.

Ова значи дека сите кои ќе го предадат производството на складирање заклучно со 1 септември ќе можат да добијат финансиска поддршка за целиот период додека количините се во складиштата, односно до крајот на годината.

Очекуваме зголемени колчини и затоа ја зголемуваме сумата за оваа мерка од 500.000 на 1.500.000 денари по корисник.

Нова подршка предвидуваме и за проиводителите на ориз.

Преку измените висината на дополнителни директни плаќања за ориз изнесува 12.000 денари по хектар без употреба на сертифициран семенски материјал, а 19.000 денари по хектар со употреба на сертифициран семенски материјал.

Националниот план за производство на храна го даде посакуваниот резултат и ги остварува зацртаните цели.

Поголема поддршка на земјоделците за поквалитетно производство, поголем принос, насочувајќи го домашното производство кон домашните преработувачки капацитети.

фото: принт скрин

СДСМ  

Прес-конференција на Трајан Димковски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан