• понеделник, 23 декември 2024

Димитров: Уште еден сегмент каде Грција може да ни помогне е токму дигиталната област

Димитров: Уште еден сегмент каде Грција може да ни помогне е токму дигиталната област

Скопје, 14 мај 2021 (МИА) - Успешните „дигитални“ приказни и зајакнувањето на билатералната соработка во оваа област беа дискутирани денеска на средбата помеѓу заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров и грчкиот министер за дигитално управување, Киријакос Пјеракакис, која се одржа на маргините на шестиот Економски форум Делфи во Атина, информираат од Секретеријатот за европски прашања.

- Со нашите грчки соседи и пријатели интензивно соработувавме уште од самиот почеток на здравствената криза, со што се потврди потребата од блискост и соработка. Уште еден сегмент каде Грција може да ни помогне е токму дигиталната област, која во времето на пандемијата се покажа како одлучувачка за надминување на предизвиците. Оваа посета која денеска ја договоривме ќе биде можност за споделување на грчките искуства во справување со пандемијата, преку користење на дигитални алатки и процеси, кажа Димитров, стои во соопштението од СЕП.

На средбата се разговарало и за предизвиците од ковид пандемијата со кои се соочуваат државите, при што, како што велат, Димитров ја поздравил клучната улога на Пјеракакис во процесот на имунизација во Грција и упатил покана до грчкиот министер за работна посета на Северна Македонија, со што дополнително би се продлабочила билатералната соработка во сферата на дигитализацијата. ар/лв/

Остани поврзан