Димитров - Ројтен: Без старт на преговорите при исполнети услови политиката на проширување ја губи трансформативната моќ
- Кога при исполнети услови и донесена одлука за почеток на преговори нема резултат, тогаш политиката на проширување е со главата надолу: наместо поддршка и зајакнување на трансформацијата и р
Скопје, 1 ноември 2021 (МИА) - Кога при исполнети услови и донесена одлука за почеток на преговори нема резултат, тогаш политиката на проширување е со главата надолу: наместо поддршка и зајакнување на трансформацијата и реформите, ефектот е обратен.
Ова го истакна заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров на денешната средба со Тајс Ројтен, пратеник во Европскиот парламент и член на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија, во рамки на неговата работна посета на земјава.
Како што соопшти СЕП, на средбата беше дискутирано за трансформативната моќ на ЕУ во регионот во контекст на политиката на проширување и нејзината кредибилност, што особено се отсликува во случајот со Северна Македонија. Вицепремиерот Димитров, се наведува, истакна дека текот на евроинтегративниот процес има големо влијание врз случувањата во земјата и регионот кои се рефлексија и на опаѓањето на довербата во остварливоста на европското ветување.
Европратеникот Ројтен, се наведува, ја подвлече неговата лична поддршка, како и заложбата на Европскиот парламент за европското досие на Северна Македонија и регионот, препознавајќи ја неговата важност за иднината на Европа. Тој истакна дека ЕУ мора да направи повеќе за да ја докаже заложбата и ангажманот кон регионот, пред сé преку пристапниот процес на Северна Македонија бидејќи со посветеноста на европската агенда се исполнети сите услови за почеток на пристапни преговори, стои во соопштението. вг/са/