• понеделник, 02 февруари 2026

Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија

Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија

Скопје, 2 февруари 2026

Во соседна Србија е запленета огромна количина од 5 тони дрога, која дошла преку Македонија. Меѓу уапсените има и косопственик на македонска фирма. Ова е огромен криминален, картелски скандал за кој мора да има одговорност, рече на прес-конференција генералниот секретар на СДСМ, Александар (Саша) Димитријевиќ, се наведува во соопштението, што МИА го пренесува интегрално. 

Клучното прашање на кое власта мора веднаш да одговори е: Како 5 тони дрога поминале преку македонската граница?

Кој дозволил 5 тони дрога да се прошверцува?

Без поддршка и заштита од структури во власта, криминал од вакви размери не може да се случи.

Ова не е инцидент - ова е систем.

Како е можно во држава со „Безбеден град“, со камери и скенери на граничните премини да поминат 5 тони дрога?

Или ова е толку добро организирана картелска мрежа поврзана со сѐ и никој ништо не ѝ може?

Уште колку вакви пратки, уште колку тони дрога се пренесени преку македонските граници, без да бидат откриени?

Криминални тендери, дрога од 5 тони, фотографии на Мицкоски со криминалци, луксузни часовници вредни 65.000 евра.

А нема пари за поголеми плати, нема пари за минимална плата од 600 евра за работниците што едвај врзуваат крај со крај.

Како во мафијашки филм.

СДСМ со денови алармира за директна поврзаност на криминални структури во Македонија и Србија, но наместо одговори, молк.

Дали 5 тони дрога се доволни за Обвинителството конечно да реагира?

Ќе поведе ли истрага за овој случај или повторно гласот не допира за скандалите и криминалот на власта?

Дали 5 тони дрога се доволни за Обвинителството да реагира?

„Дали 5 тони дрога се доволни за Обвинителството, конечно, да реагира? Ќе поведе ли истрага за овој случај или повторно гласот не допира за скандалите и криминалот на власта?“, истакна генералниот секретар на СДСМ, Александар (Саша) Димитријевиќ, на денешната прес-конференција.

Во Србија е запленета огромна количина од 5 тони дрога, која дошла преку Македонија, а меѓу уапсените има и косопственик на македонска фирма. За овој огромен криминален, картелски скандал мора да има одговорност.

„Клучното прашање на кое власта мора веднаш да одговори е: како 5 тони дрога поминале преку македонската граница? Кој дозволил 5 тони дрога да се прошверцува. Без поддршка и заштита од структури во власта, криминал од вакви размери не може да се случи. Ова не е инцидент - ова е систем. Како е можно во држава со „Безбеден град“, со камери и скенери на граничните премини да поминат 5 тони дрога? Или ова е толку добро организирана картелска мрежа поврзана со сè и никој ништо не ѝ може?“, потенцира Димитријевиќ.

Тој посочи дека институциите мора да излезат пред јавноста и да сносат одговорност за овој скандал.

„Не може институциите да молчат. Нека излезат пред граѓаните и нека кажат кој ќе понесе одговорност. Одговорност ќе има, когаш-тогаш. Работата не е завршена. Сите ќе одговарате“, рече Димитријевиќ.


Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=H-zwMWVk5fA

 

Фото: СДСМ

Остани поврзан