Димитријевиќ од Подгорица: Социјалдемократијата е силна кога делуваме заеднички
- Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, заедно со директорот на Центарот за истражување и анализа на СДСМ, Јон Фрчкоски, денеска во Подгорица, присуствуваа на 10-от јубилеен Конгрес на Демократската партија на социјалисти на Црна Гора.

Скопје, 16 февруари 2025
Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, заедно со директорот на Центарот за истражување и анализа на СДСМ, Јон Фрчкоски, денеска во Подгорица, присуствуваа на 10-от јубилеен Конгрес на Демократската партија на социјалисти на Црна Гора.
Пред присутните членови и симпатизери, свое обраќање имаше и генералниот секретар на СДСМ, Димитријевиќ кој посочи дека СДСМ и ДПС имаат долга традиција на заедничка борба за демократски вредности, социјална правда и европска иднина.
„Нè обединуваат истите цели – подобар живот за граѓаните, стабилност, економски развој и јасна ориентација кон Европската унија. Социјалдемократските вредности се единствената опциија која гарантира напредок и развој, унапредување на животниот стандард на граѓаните преку конкретни мерки, наспроти десницата која се фокусира на богатење на елитата. Црна Гора и Северна Македонија низ годините чекорат по заеднички пат. Како две земји членки на НАТО, денес сме исправени пред нов предизвик - забзрување на процесот на евроинтеграции. Овие процеси се значајни за граѓаните на двете држави, за демокртаскиот и социјалниот развој на Црна Гора и Северна Македонија“, рече Димитријевиќ.
Во своето обраќање пред присутните, Димитријевиќ потенцираше дека е важно СДСМ и ДПС како две сестрински партии кои делат исти вредности, да си помагаат преку споделување на искуства, заеднички да напредуваат, да градат подобра иднина за граѓаните на двете држави и за регионот.
„Токму, ваквите настани се само уште еден дополнителен импулс во унапредување на нашата соработка.Нека ова биде уште еден чекор кон зајакнување на социјалдемократската идеја и кон посветена работа за просперитетна и стабилна Црна Гора.Социјалдемократијата е силна кога сме заедно, кога дејствуваме одговорно и со јасна визија за иднината“, порача генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ.
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
Фото: СДСМ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.