• петок, 05 декември 2025

Димитрија Чуповски во Проектот „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“

Димитрија Чуповски во Проектот „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“

Скопје, 24 ноември 2025 (МИА) - Проектот „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“ му оддава признание на Димитрија Чуповски за неизбришливиот печат што го оставил во македонската национална историја 

-Димитрија Чуповски е личност која во македонската национална историја остави вечна и неизбришлива трага. Чуповски како општествен деец, револуционер, дипломат, публицист, научник, издавач, историчар, картограф и филолог е еден од најдоследните афирматори на македонската национална мисла, бранител на македонските национални особености и политички интереси кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век, се наведува за Чуповски во проектот.

При тоа особено се подвлекува неговото значење во контекст на случувањата од денешна перспектива.

-Од денешна перспектива, доколку се земат предвид постојните негирања на македонските особености - јазик, историја, култура итн., активностите на Димитрија Чуповски имаат уште поголемо значење, затоа што тој во еден од најкритичните моменти на Македонија и македонскиот народ, многу кристално јасно ги заштитуваше и промовираше македонските политички и национални интереси пред светот. Дејноста на Чуповски е тесно поврзана со Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург и издавањето на списанието „Македонски глас“, списание кое ја пропагираше идејата за самобитна Македонија.

Чуповски, се нагласува, е творец и на првата карта на Македонија во боја и на македонски јазик, карта која, се додава, јасно ги оцртувала етничките граници на Македонија. вг/

Фото: Архивска фотографија

Остани поврзан