Димитриева: Во Демир Капија ќе инвестираме со проекти во патната инфраструктура и отворање дневни центри за стари лица
- На вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Демир Капија, канидатката за градоначалник Наталија Димитриева истакна дека нејзината основна цел на овие избори е создавање услови за поквалитетно секојдневие на сите граѓани, за Демир Капија да почне да се развива како модерен и достоинствен град.
Демир Капија, 1 октомври 2025 (МИА) - На вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Демир Капија, канидатката за градоначалник Наталија Димитриева истакна дека нејзината основна цел на овие избори е создавање услови за поквалитетно секојдневие на сите граѓани, за Демир Капија да почне да се развива како модерен и достоинствен град.
- Главен фокус ќе биде образованието и младите, ќе се работи на заштита на животната средина, дигитализацијата ќе биде основен инструмент за модерна општина, ќе се поттикнуваат спортот и културата, во социјалната сфера, општината ќе отвори домови и дневни центри за стари лица, дневни центри за лица со попреченост, програми за ментално здравје и советувалишта. Но знаеме и нешто друго. Дека вистинските промени доаѓаат со вистинските луѓе. Со вистински избори, со луѓе што знаат дека не можат се, но се подготвени да почнат и да истраат, рече Димитриева.
Таа истакна дека во програмата се планирани многу проекти, како инвестиции во патната инфраструктурата, уредување на паркови и зелени површини, вложување во образованието и младите, во социјалната сфера со отворање на домови и дневни центри за стари лица.
- Во програмата ветуваме и се обврзуваме на изградба на систем за наводнување, надградба на водовод во Демир Капија, во село Бистренци, реконструкција на улици во населените места, подобрување на комуналната инфраструктура, уредување на паркови и зелени површини, поддршка на приватни инвестиции во земјоделството, урбанистички планови и партерно уредување на селата, покривање на Градски пазар, изградба на паркинг зони, отворање на амбуланта во руралните средини, изградба на спортско игралиште, нагласи Димитриева.
Со заокружување на бројот 9, рече таа, се избира вистинскиот тим што ќе донесе развој, просперитет и сигурност, иднина. свд/вј/
Фото: ВМРО-ДПМНЕ