• петок, 22 ноември 2024

ДИК: Градоначалници добија 34 општини, првиот круг ќе се повтори во две општини

ДИК: Градоначалници добија 34 општини, првиот круг ќе се повтори во две општини
Скопје, 18 октомври 2021 (МИА) - Од досега обработените податоци, градоначалници се избрани во 34 општини. Од нив, во 22 општини новите градоначалници се од ВМРО-ДПМНЕ, во девет општини се на СДСМ, а во три општини најмногу гласови освоиле кандидатите на ДУИ, соопшти вечерва претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски. Во вториот круг во најголем дел од општините ќе се избира меѓу кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, додека во седум општини во вториот круг се кандидатите на Алијанса за Албанците и ДУИ. Во две општини во вториот круг се кандидатите на ДУИ и БЕСА. Во Центар Жупа и Маврово-Ростуше ќе се повтори изборната постапка поради неисполнување на законскиот услов од една третина од запишаните гласачи кои излегле на гласање, соопшти вечерва Државната изборна комисија. Даштевски соопшти дека досега до ДИК не се пристигнати приговори. бак/бк/    

Остани поврзан