• недела, 22 декември 2024

ДИЖС побарал 27 илјади евра од два прави субјекти за штетата направена од ратраците на Шар Планина

ДИЖС побарал 27 илјади евра од два прави субјекти за штетата направена од ратраците на Шар Планина

Тетово, 5 април 2024 (МИА) – За штетите врз природата поради движење со моторни возила и одвивање на забранети активности во национален парк, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) побарал вкупно парични казни од 27 илјади евра за два правни субјекти кои употребувале т.н. „ратраци“ на подрачје на Шар Планина. Според известувањето на Државниот инспекторат, правните субјекти одбиле да ги потпишат платните налози и записниците за порамнување.

- Согласно законската регулатива од страна на ДИЖС се поднесе Барање за поведување прекршочна постапка до Основен суд Тетово за понатамошно постапување, информираат од Државниот инспекторат за животна средина

На 18 март 2024 од НП Шар Планина за сторен прекршок согласно членовите 10 и 75 од Законот за заштита на природата поднеле барање за постапување до Државниот инспекторат за животна средина.

- Од страна на Секторот за инспекциски надзор во природата по детално разгледување на обемната документација за два правни субјекти (Шар аутдорс и Ескимо спорт, регистрирани во Тетово) покрената е прекршочна постапка при што се изготвени платни налози за наплата на глоба за сторен прекршок за правни лица во зависност од големината на правниот субјект во висина од вкупно 27.000 евра во денарска противвредност како и за одговорните лица во висина од вкупно 1.500 евра во денарска противвредност, по претходно изготвени записници за спроведување постапка за порамнување, се вели во денешното известување на ДИЖС на нивна Фејсбук страница.

Член 10 од Законот за заштита на природа вели дека Забрането е движење со моторни возила во природата освен во населени места и на сите видови патишта, уредени патеки и полигони за возење, заради спречување на деградација на природата. Член 75 се однесува на забранети активности во национален парк. ас/ир

Фото: ДИЖС

Остани поврзан