• недела, 22 декември 2024

Најавени санкции за четири правни и две физички лица за отпадот во Орман

Најавени санкции за четири правни и две физички лица за отпадот во Орман

Скопје, 9 ноември 2023 (МИА) – Санкции за четири правни и две физички лица најави Државниот инспекторат за животна средина во врска со отпадот кај селото Орман.

Директорот на Инспекторатот Сретен Стојковски на денешната прес-конференција информираше дека ќе следи и соодветна постапка за санкционирање за неколкуте сторени законски повреди, односно за загрозување на животната средина и природа со отпад.

- Иако постои меѓусебен договор меѓу Рецикл Еко-старт и сопствениците на парцелите на локација на приватен имот во Орман, несоодветно е транспортиран и складиран отпад кој потекнува од правниот субјект Рецикл Еко-старт, на локација коај не е наменета за складирање на ваков отпад, односно нема добиено дозвола од МЖСПП што е казниво по закон, појасни Стојковски.

Изминатиот месец инспектор од Ѓорче Петров утврди дека на приватен плац во селото Орман биле најдени 600-тони опасен отпад од акумулатори за кој граѓаните велат дека таму стои веќе шест месеци.

На денешната прес-конференција, директорот Стојковски информираше и за наодите од други инспекциски надзори помеѓу кои и вонредниот инспекциски надзор во ДИС ЕНЕРГИА ДОО СКОПЈЕ и ДПТТР ЕУРОПРОГРЕС ДООЕЛ. хс/ар/

ФОТО/МИА

 

Остани поврзан