• сабота, 13 јули 2024

ДИЖС: Инспекциски надзори во ЈП Депонија Дрисла - Скопје и Булмак 2016, Рудник Пробиштип

ДИЖС: Инспекциски надзори во ЈП Депонија Дрисла - Скопје и Булмак 2016, Рудник Пробиштип
Скопје, 27 август 2021  1.ЈП ДЕПОНИЈА ДРИСЛА-СКОПЈЕ: По претставка од граѓани за можно одлагање на опасен отпад во ЈП Депонија Дрисла, Скопје, Државниот Инспекторат за животна средина изврши проверка на целосната документација за добивање А-Интегрирана Еколошка Дозвола, а во деновите 19 и 25 август изврши вонредни инспекциски надзори на лице место во ЈПДКО Дрисла Скопје, лоцирана во с.Батинци Општина Студеничани, при што е изготвен Записник за констатација со бр.ИП1 15-336, при што е констатирано дека правниот субјект врши редовно депонирање на комуналниот отпад кој се носи од општините на територијата на градот Скопје и останати општини, а приемот на истиот се врши согласно законската регулатива и условите во А Интегрираната Еколошка Дозвола. Медицинскиот отпад редовно се прима од ЈЗУ и ПЗУ согласно договорите со здравствените установи и истиот се согорува во печка за согорување. При инспекцискиот надзор се констатираше дека согласно А Интегрираната Еколошка Дозвола во Додаток 3 се наведени 22 шифри на опасен отпад за кои субјектот не поседува инсталација за третман и/или преработка на опасниот отпад, а исто така во дозволата не се опишани операциите, постапките, ракувањето и отстранувањето на опасниот отпад за овие шифри. Поради претходно наведеното, донесено е решение со кое на правниот субјект му се забранува прием и третман на опасен отпад за шифрите од Додаток 3 од А Интегрираната Еколошка дозвола за кои не поседува соодветна инсталација, а исто така треба согласно решението да се раскинат сите договори склучени со правни лица за прием и третман на видовите опасен отпад со наведените шифри, за своето постапување да го извести Државниот Инспекторат за животна средина. 2. БУЛМАК 2016, РУДНИК ПРОБИШТИП: По пријава преку електронска комуникација за истекување на јаловина од скршена каналетка од транспортниот систем во Рудникот во Пробиштип “Булмак 2016”, извршен е вонреден инспекциски надзор на ден 25 и 26 август, при што е констатирано следното: 1.Направен е вонреден инспекциски надзор со Записник за констатација бр. ИП1- 1765 од 26.08.2021г и од теренскиот увид е констатирано дека има истекување на јаловина од скршена каналетка на земјениот пат под старото јаловиште на површина од околу 10 до 15 метри во должина и околу 1 метар во ширина, и преку патот навлезено во кругот на поранешна сепарација каде има зафетено површина околу 20 до 30 м2. Не е навлезена јаловина во река Киселичка бидејќи е реагирано навреме и скршената каналетка е сменета со нова. Еколошкиот инцидент се случил на 22.08.2021 во 4 часот утрото. 2.Издадено е Решение како втор акт во инспекциска постапка со бр.ИП1- 1765 од 26.08.2021г. со кое се задолжува горенавдениот правен субјект во рок од 5 (пет) дена да изврши чистење на површината зафатена со јаловина и враќање во првобитна состојба. 3.Направен е Записник за започнување на постапка за посредување за трета категорија на прекршок по Законот за животната средина со бр:ИП1-1765 од 26.08.2021г. и Барање за поведување на постапка за посредување согласно член 212г до Комисијата за посредување при Министерството за животна средина и просторно планирање. Висината на глобата од Трета категорија за правното лице е до 100.000 евра во денарска противвредност, а за одговорното лице глобата е 30% од одмерената глоба за правното лице. За статусот на предметот и одлуката на Комисијата за посредување при МЖСПП, ДИЖС ќе ја извести јавноста навремено. Државниот Инспекторат продолжува континуирано со вршење инспекциски надзори согласно Годишниот и Месечниот план за редовни, односно вонредни и контролни инспекциски надзори, а за своето постапување ќе ја известува редовно и транспарентно јавноста преку Интеренет страницата, Фејсбук профилот и преку медиумите. Со почит, ВД Директор Сретен Стојковски __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан