• петок, 22 ноември 2024

Дижарик: Генералниот секретар на ОН е „згрозен“ од ескалацијата на насилството во Газа

Дижарик: Генералниот секретар на ОН е „згрозен“ од ескалацијата на насилството во Газа

Њујорк, 1 ноември 2023 (МИА) – Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е „згрозен од ескалацијата на насилството во Газа“, вклучително и убиството на Палестинците во израелските воздушни напади врз бегалскиот камп Џабалија, рече неговиот портпарол.

- Тој силно го осудува убивањето на цивили, изјави денеска за новинарите портпаролот на ОН Стефан Дижарик.

Тој додаде дека „генералниот секретар повторува дека сите страни мора да се придржуваат до меѓународното право, меѓународното хуманитарно право и принципите на дистинкција, пропорционалност и претпазливост“.

Шефот на ОН, исто така, го повтори својот повик за итно и безусловно ослободување на сите заложници киднапирани од Хамас во Израел за време на неговиот напад на 7 октомври, рече Дижарик.

Гутереш, исто така, го повтори својот апел за преминување на виталната хуманитарна помош во количини потребни за задоволување на растечките потреби на палестинското население. јт/

Фото: ОН

Остани поврзан