• недела, 22 декември 2024

Дигитален мост: Собраниски хакатон

Дигитален мост: Собраниски хакатон

Скопје, 30 октомври 2024 

Денес во рамки на Собранието започна Хакатонот кој се реализира како дел од Програмата за парламентарна поддршка. Има за цел да ги поврзе младите програмери со Собранието преку развивање иновативни софтверски решенија, користејќи сетови на податоци од Порталот за отворени податоци на Собранието, Националниот портал за отворени податоци и Порталот за отворени финансии.

Свеченото отворање започна со генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, која упати на важностa за отвореноста на законодавниот дом кој, преку организирање и учество во вакви иновативни програми, ја зголемува довербата на граѓаните во институциите и поттикнува креативност во општеството. Ги мотивираше учесниците да користат отворени податоци за да изработат софтверски решенија кои би се користеле за адресирање на различни општествени предизвици. Дигитализацијата е особена значајна за Собранието како институција која постојано се стреми да фати чекор со новото време на брзи технолошки промени и глобални предизвици.

Вероник Улман, амбасадорка на Швајцарија, потенцираше дека транспарентноста, вклученоста и иновацијата се клучни за перформансот на државата која на тој начин се поврзува и го подобрува животот на граѓаните. Вербата во институциите е неопходност за демократијата, па затоа е важно институциите да овозможат пристап до отворени податоци.

Роберт Скот Хејзлет, виш резидентен директор на Националниот демократски институт, ја нагласи важноста на новите генерации во создавање на промена преку креативност, вештини и поддршка од институциите кои претставуваат слика за демократија. Начините на кој Парламентот комуницира со јавноста во годините кои доаѓаат ќе се менуваат поради идеите на млади луѓе кои имаат пристап до правилни алатки и податоци. „Вистинска иновација доаѓа од колаборација“ – изјави Скот.

Потоа се отвори панел дискусија во која свои идеи и забелешки во насока на важноста на отворените податоци и институционалната отвореност кон новите технологии дадоа деканот на ФИНКИ, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, претставник на АСПИ, (TBC), пратениците Бране Петрушевски и Бојан Стојаноски, како и Беким Ќоку, претседател на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање.

Собрание на Северна Македонија 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Собрание на Северна Македонија 

 

Остани поврзан