ДЗС: Попишани вкупно 1.037.309 лица, 323.286 домаќинства и 438.705 станови
- Вкупно 1.037.309 лица, 323.286 домаќинства и 438.705 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

Скопје, 20 септември 2021 (МИА) – Вкупно 1.037.309 лица, 323.286 домаќинства и 438.705 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.
Можноста за самопопишување лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.370 лица.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември, ќе трае до 30 септември. аа/дма/