Де Хеа: Многу сум среќен во Фиренца и неизмерно уживам во италијанскиот фудбал
- Голманот на Фиорентина, Давид Де Хеа, даде коментар за својата иднина во клубот.
Фиренца, 3 мај 2025 (МИА) - Голманот на Фиорентина, Давид Де Хеа, даде коментар за својата иднина во клубот.
- Работам ден по ден. Многу сум среќен во Фиренца и многу уживам во италијанскиот фудбал. Се надевам дека ќе можам да го постигнам најдоброто со мојот тим, изјави Де Хеа за „Фудбал Италија“.
Шпанецот потпиша едногодишен договор со Фиорентина летото 2024 година. Според медиумските извештаи, италијанскиот клуб планира да му понуди нов договор со значително зголемување на платата.
Оваа сезона, голманот одигра 37 натпревари за Фиорентина во сите натпреварувања, на кои прими 41 гол. зс/
Фото: ЕПА