• сабота, 10 август 2024

Де Хеа ги помина медицинските прегледи во Фиорентина

Де Хеа ги помина медицинските прегледи во Фиорентина

Фиренца, 9 август 2024 (МИА) - Давид Де Хеа ги помина медицинските прегледи во Фиорентина пред да го потпише договорот.

Екс голманот на Манчестер јунајтед ќе потпише едногодишен договор со италијанскиот клуб со опција за продолжување на уште една сезона.

Во првата година Де Хеа ќе заработи 1,2 милиони евра, а доколку се активира опцијата за продолжување на договорот на втора година, Шпанецот за ќе заработи 2,2 милиони евра, пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио.

Голманот кој пристигна денес веќе успеа да се фотографира и да се сретне со италијански навивачи кои го скандираа неговото име. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан