• вторник, 31 март 2026

Де Брујне изјави нема да се пензионира од репрезентацијата по СП 2026

Де Брујне изјави нема да се пензионира од репрезентацијата по СП 2026

Брисел, 31 март 2026 (МИА) - Кевин Де Брујне, фудбалерот од средниот ред на Наполи, коментираше за својата иднина со белгиската репрезентација.

- Немам планови да се пензионирам од репрезентацијата по Светското првенство 2026. Сè додека се чувствувам добро, ќе продолжам да играм за националниот тим, изјави Де Брујне за „Трајбал Фудбал“.

На Светското првенство, Белгија ќе игра во група со Египет, Иран и Нов Зеланд.

Триесет и четиригодишниот играч од средниот ред одигра 116 натпревари за репрезентацијата, постигнувајќи 36 гола и 53 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан