• петок, 22 ноември 2024

Дејвид Атенборо најде огромен диносаурус, снимајќи го новиот документарец

Дејвид Атенборо најде огромен диносаурус, снимајќи го новиот документарец

Лондон, 12 април 2023 (МИА) - Британскиот ТВ-документарист Дејвид Атенборо направил ретко откритие за време на снимањето на новиот документарен филм. Станува збор за череп на диносаурус, „целосно сочуван по милиони години“... Документарецот се снима во Обединетото Кралство.

Така, 96-годишниот ТВ-истрражувач вели дека џиновското морско чудовиште е всушност џиновски плиосаурс, кој се смета за „еден од најсуровите грабливци“ од Јура-периодот. Палеонтолозите веруваат дека ова е „целосно нов вид“, а во мигов работат на „тајна локација“ за да го откопаат масивниот череп.

„Овој огромен праисториски морски рептил владеел со морињата истовремено кога диносаурусите владееле со земјата - пред 150 милиони години“, се вели во документарецот.

Со надеж дека ќе ги открие „длабоко скриените тајни“, Атенборо додава дека плиосаурусите биле најголемите и најстрашните ловци во морињата.

- Морскиот еквивалент, може да се каже - на Т-рекс. Само черепот на овој е долг повеќе од два метри и „вооружен“ со масивни очници. Черепите што може да ни кажат најмногу за едно животно, лесно се кршат пред да се фосилизираат. Но, овој е речиси недопрен и ветува дека ќе открие секакви нови подробноти за овие застрашувачки грабливци кои ги ловеле нам познатите ихтиосауруси од Лајм Реџис (областа во јужна Англија, б.п.), раскажува Атенборо.

Документарецот „ќе ја комбинира револуционерната наука со волшебното раскажување на приказната и најсовремени специјални ефекти за да раскаже за овој најфеноменален предатор на светот Јура“, се вели во најавата. Ќe е прикажува под наслов „Атенборо и џиновското морско чудовиште“ на „Нетфликс“, но засега нема конкретни датуми.  си/сд/

Фото: ИМДБ.

Остани поврзан