• четврток, 18 јули 2024

Дешам: Одговорноста за неуспешниот настап на Мбапе и Гризман на ЕП е кај мене

Дешам: Одговорноста за неуспешниот настап на Мбапе и Гризман на ЕП е кај мене

Минхен, 10 јули 2024 (МИА) - Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешам го објасни неуспешниот настап на напаѓачите Килијан Мбапе и Антоан Гризман на Европското првенство 2024 година.

Мбапе одигра пет натпревари на турнирот, постигна еден гол и даде две асистенции. Гризман одигра шест натпревари без постигнат гол.

- Одговорноста е кај мене. Мора да бидеш на максимум против шпански тим со ваков квалитет. Нема да барам оправдувања, но подготовките ги започнавме без Чоамени, Рабио, а Упамекано пристигна во тешки услови. Максимално ја искористивме моменталната ситуација. Нема да ги критикувам играчите. Од различни причини, тие не можеа да дадат 100 проценти на овој турнир, изјави Дешам, за „RMC Sport“.

Во финалето на ЕП 2024 репрезентацијата на Шпанија ќе игра против победникот од средбата Холандија - Англија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан