• петок, 05 декември 2025

Дешам не исклучува враќање на Погба во репрезентацијата

Дешам не исклучува враќање на Погба во репрезентацијата


Париз, 4 октомври 2025 (МИА) – Селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешан не ја исклучи можноста фудбалерот од средниот ред на Монако, Пол Погба, во догледно време да се врати во националниот тим.
„Тој е сè поблиску до тоа повторно да стане фудбалер. Што се однесува до репрезентацијата, не се сомневам дека сака да се врати – тоа е неговата цел. Но, прво мора да помине низ неколку фази. Првата е да игра за Монако. Се надевам дека ќе успее. Тоа ќе биде важен чекор за него. А потоа ќе видиме. Ако кажам „да“ сега, сите ќе мислат дека тој веќе се вратил. Ако кажам „не“, ќе мислат дека сум будала. Затоа, најдобрата опција е да му посакаме успех во првата фаза“, изјави Дешан.
Францускиот прволигаш Монако ова лето објави дека потпишал двегодишен договор со 32-годишниот Погба, кој отслужи повеќемесечна суспензија поради допинг.
Погба последен пат се појави на теренот на официјален натпревар во септември 2023 година.ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан