• недела, 22 декември 2024

Дешам: Ако вестите за Мбапе не се добри, ќе се бориме без него

Дешам: Ако вестите за Мбапе не се добри, ќе се бориме без него

Дизелдорф, 18 мај 2024 (МИА) - Селекторот на Франција, Дидие Дешам, по победата над Австрија (1:0) на натпреварот од ЕП 2024, изрази загриженост за повредата на напаѓачот Килијан Мбапе.

- Одлуката ќе биде донесена откако ќе станат познати деталите. Го видов како лежи на масата за масажа, имаше повеќе од обична гребнатинка. Тој е во центарот на вниманието, и тоа е во ред. Ќе ги обезбедиме сите детали штом можеме. Отсекогаш сум велел: со Килијан, францускиот тим секогаш станува посилен. Ако вестите не се добри, ќе се бориме без него. Килијан е Килијан. Тој го прави секој тим посилен, изјави Дешам за „Л’Екип“.

Во следниот натпревар Франција ќе игра против Холандија на 21 јуни. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан