• среда, 25 декември 2024

Децата се наш прв приоритет, рече Мицкоски во врска со градинките во Липково и Арачиново

Децата се наш прв приоритет, рече Мицкоски во врска со градинките во Липково и Арачиново

Скопје, 25 декември 2024 (МИА) - Децата се наш прв приоритет и политиката на оваа Влада е токму во таа насока, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски и им се извини на жителите на Арачиново и Липково за непријатностите, одговарајќи на новинарско прашање околу проблемите поврзани со детска градинка, тема што беше актуелна деновиве во јавноста. 

-Утрово разговарав со Фатмир Лимани и во текот на денот, членови од неговиот кабинет, шефот на кабинет ќе стапи во комуникација со администрацијата во Општина Арачиново и во Општина Липково и на тој начин ќе биде надминато сево ова што беше тема во јавноста деновиве, бидејќи согласностите се добиени, рече Мицкоски. 

Тој рече дека како што дознал од медиумите, се работело за согласности за вработување и пуштање во употреба на градинка. 

-Да, постојат неодговорни градоначалници со неодговорни изјави, но тоа не треба да биде пречка, рече Мицкоски, кој беше на пуштање на на започнување на проектот за реконструкција на коловозот на патот кон Манастирот „Пеленица“ во Општина Кисела Вода. свд/ев/

 

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан