• понеделник, 23 декември 2024

Дехари нема да настапи на ЗОИ поради повреда

Дехари нема да настапи на ЗОИ поради повреда
Пекинг, 8 февруари 2022 (МИА) – Македонскиот олимпиец Дардан Дехари тешко се повреди на денешниот тренинг во Јанкинг и итно ќе биде подложен на операција на десното колено поради што нема да настапи на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг. Како што соопшти попладнево Македонскиот олимписки комитет (МОК), по првите консултации меѓу докторот Лубомир Огњеновиќ, кој е во Пекинг, кинеските доктори и претседателот на Здравствената комисија на МОК, д-р Небојша Настов, станува збор за кинење на предниот вкрстен лигамент на десното колено. Дехари е еден од тројцата македонски олимпијци во Пекинг и беше знаменосец на церемонијата на свеченото отворање, а требаше да настапи во алпско скијање во дисциплините слалом, на 13, и велеслалом на 16 февруари. ег/ар/

Остани поврзан