• петок, 15 ноември 2024

Детскиот фестивал „Распеано симитче" денеска и утре во Крива Паланка

Детскиот фестивал „Распеано симитче
Крива Паланка, 18 ноември 2022 (МИА) - Шеснаесет нови детски песни ќе бидат изведени на седмиот детски музички фестивал „Распеано симитче“ кој ќе се одржува вечер и утревечер од 18 часот во  Центарот за култура во Крива Паланка.
Фестивалот го организира Центарот за аудиовизуелни уметности, под покровителство на Општина Крива Паланка и со финансиска поддршка од Министерството за култура.
-И оваа година ќе понудиме популарни детски песни со модерен аранжман, кои ги пеат најмладите од Крива Паланка. Целта на фестивалот е популаризација на детската песна и културата со учество на локални и регионални автори и квалитетна музичка продукција, рече директорот на фестивалот, Методи Цветковски.
Автори на детските песни се: Игор Трајковски, Гордан Спасовски, Снежана Николовска, Оливера Николовска, Филип Додевски, Лариса Жулина Митовски, Павлинка Вењановска, Рената Кралевска, Александар и Милош Краљевски, Билјана Петковска Антовска, Среќко Поповски и Драги Станков.
Песните се снимани во студиото на Сашко Митковски „СМ“ од Крива Паланка и во „ММ продакшн студио“ на Александар и Милош Краљевски од Куманово. ид/хс/

Остани поврзан