Детска клиника: Надоместоците за дежурства се целосно регулирани, платите на вработените се нормативно регулирани
- Клиниката за детски болести соопшти дека месечната исплата на надоместоци на вработените се извршува со примена на Законот за здравствена заштита, каде што истите се утврдени во член 216 – Де
Скопје, 14 октомври 2022 (МИА) - Клиниката за детски болести соопшти дека месечната исплата на надоместоци на вработените се извршува со примена на Законот за здравствена заштита, каде што тие се утврдени во член 216 – Дежурство, член 217 – Посебен случај на дежурство, член 218 – Готовност, член 219 – Плата и дел од плата за работна успешност и член 220 – Додаток за работа во дежурство и готовност.
Во овие членови, посочуваат од Клиниката, е јасно наведено во кои околности и услови се исплаќаат надоместоците за дежурствата, кои се целосно утврдени, за состојба на готовност кога здравствениот работник треба да биде 24/7 достапен на телефон или со други средства за комуникација, како и за сите останати надоместоци.
Пресметката за надоместоците на директорката на Клиниката, Аспазија Софијанова никогаш не била исплатена со надоместоци во износите кои беа на одредни документи презентирани во јавноста. Клиниката за детски болести како институција секогаш била отворена за транспаретна соработка со медиумите дури и во ситуации кога нашето време било потребно на друго место имајќи ја предвид нашата приоритетна работа грижата за здравјето на пациентите. На крајот изразуваме жалење за начинот на комуникација во текот на вчерашниот ден, се наведува во соопштението од Клиниката. рп/сп/