• понеделник, 23 декември 2024

Десет клубови бараат избор на ново раководство на Скијачката федерација

Десет клубови бараат избор на ново раководство на Скијачката федерација
Скопје, 23 февруари 2021 (МИА) – Избор на ново легитимно раководство на Скијачката федерација на Македонија (СФМ) побараа денеска преку заедничко соопштение десет скијачки клубови, иницирајќи како што наведуваат, „расчистување на сите сомнителни активности“ во Федерацијата. Повод за реакцијата, како што е соопштено, се постоење индиции дека на членот на раководството на СФМ Александар Кацарски, кој го води и клубот ХМКД, како и неколку други спортисти поединци, поднеле фалсификувани лекарски уверенија за извршен медицински преглед, со што грубо го прекршиле Законот за спорт. - Покрај индициите за фалсификување на медицинските лекарски уверенија, постојат сомневања дека ваквите незаконски дејствија се толерираат од страна на привременото раководство на СФМ предводено од претседателот – потписник Васил Сокле во пресрет на новото Собрание со намера да се обезбедат повеќе гласови од клубови кои се неактивни или клубови чии активности не се во целост во согласност со закон. Дополнително на тоа на клубот ХМКД му е доделено организирање на натпревар, се наведува во реакцијата на Ски Клуб Полар, Сноуборд Клуб Полар, КОБНС Скии Рис, ФОКС Ски Клуб, К.Б.Н.Д Мирна Долина, ЗСР Клуб 28, Ски Школа Љуботен, Ски Клуб Шари Академи, АСК Скади и Ски Клуб Бистра. Скијачките клубови ја повикаа Агенција за млади и спорт итно да се преземаат мерки против ваквите дејствија спротивни на Законот за спорт и етичките кодекси во спортот за да се спречи остварување на лични интереси во СФМ за сметка на спортистите и спортот. - Клубовите кои со години се дел од СФМ и даваат сериозен придонес кон нејзиниот развој и развојот на скијачките спортови во земјата, ќе продолжат да се залагаат за работење согласно Статутот на СФМ и согласно законите во земјата, бидејќи само така може да се оствари главната цел: развој на спортот и создавање услови за младите спортисти. За таа цел, клубовите кои се дел од иницијатива за расчистување на низа нетранспарентни активности во СФМ, настојуваат да се избере легитимно раководство на СФМ и да се расчистат сите сомнителни активности за да може оваа спортска федерација да работи согласно законите и целите за кои постои, стои во соопштението на скијачките клубови.ег/фф/

Остани поврзан