• недела, 22 декември 2024

Десет загинати во судар во воздух и уривање на два малезиски воени хеликоптери

Десет загинати во судар во воздух и уривање на два малезиски воени хеликоптери

Куала Лумпур, 23 април 2024 (МИА) - Воената морнарица на Малезија соопшти дека два воени хеликоптери се судриле и се урнале за време на денешните вежби, при што загинале 10 лица во него.

Хеликоптерите биле на обука во поморска база во државата Перак за прославата на 90-годишнината од морнарицата, што ќе се одржи во мај, пишуваат француските медиуми.

„На лице место беше потврдено дека сите се мртви“, соопшти морнарицата, додавајќи дека посмртните останки се испратени во болница за идентификација.

Според снимките објавени на социјалните мрежи, едниот хеликоптер го фатил роторот на другиот, а потоа и двата се урнале.

Инцидентот се случил во 9:30 часот по локално време во градот Лумут, каде се наоѓа поморската база, јави Би-Би-Си.

Надлежните наведуваат дека ќе формираат комисија која ќе ги истражи причините за несреќата.сд/

фото: Скриншот Х

Остани поврзан