• понеделник, 23 декември 2024

Десетмина загинати во воздушен напад во Тиграј

Десетмина загинати во воздушен напад во Тиграј

Тиграј, 29 октомври 2021 (МИА) - Десет лица загинаа, меѓу кои и деца, во воздушен напад на етиописката армија врз главниот град на областа Тиграј, изјави еден лекар.

Ова е најтешкиот биланс во новата рунда воздушни напади на таа област, која започна минатата недела додека повторно се интензивира војната меѓу силите на Тиграј и владата на Етиопија и нејзините сојузници.
Меѓународните повици за прекин на огнот не беа прифатени бидејќи борците од етиопската влада и нејзините сојузници се борат против силите во Тиграј кои долго беа доминантни во националната влада пред да бидат сменети од премиерот Аби Ахмед.
Илјадници луѓе се убиени во Етиопија за време на речиси едногодишната војна и започна најтешката криза со глад во последните десет години.
Портпаролот на владата изјави дека целта на новиот воздушен напад било место во главниот град на областа Тиграј, Мекеле, кое ги користи силите на Тиграј за производство и поправка на оружје.
Тој рече дека тоа е дел од комплексот на компанијата „Мефсин“ за индустриско инженерство, која исто така беше погодена минатата недела.
Портпаролот на Тиграј демантираше дека е погодена воена цел, наведувајќи дека станува збор за цивилна резиденција. Тој рече дека меѓу загинатите има и три деца.
Поранешниот директор на болницата „Ајдер Реферал“ во Тиграј, Хајел Кебеде, изјави дека загинале 10 лица, а 21 се повредени и дека очекува бројот на загинатите да се зголеми.
Владата на Етиопија тврди дека најновите воздушни напади се ограничени на воени цели, но силите на Тиграј велат дека биле нападнати цивилни цели, вклучувајќи фабрики и клиника, и дека меѓу убиените има најмалку три деца. паг/
 

Остани поврзан