• недела, 22 декември 2024

Десетици луѓе уапсени за време на Парадата на гордоста во Истанбул

Десетици луѓе уапсени за време на Парадата на гордоста во Истанбул
Анкара, 26 јуни 2022 (МИА) - Турската полиција денеска насилно интервенираше на Парадата на гордоста во Истанбул и уапси десетици лица, вклучително и фоторепортерот на агенцијата Франс прес. Полицијата дури пред почетокот на Парадата упадна во повеќе кафулиња во квартот Џигангир и приведуваше ЛГБТ активисти и новинари. Според невладините организации уапсени се 52 луѓе. Како и секоја година, Парадата на гордоста беше официјално забранета од гувернерот на градот, но стотици демонстранти со знамиња во боја на виножито се собраа на улиците околу плоштадот Таксим, што е целосно затворен за јавноста. По спектакуларната поворка во 2014 година во Истанбул, на која присуствуваа повеќе од 100.000 учесници, турските власти од година во година ја забрануваат Парадата на гордоста, официјално од безбедносни причини. ми/

Остани поврзан