Дератизирани 630 шахти и дезинфицирани 3 300 метри квадратни јавни објекти во општина Илинден
- Стручни екипи дератизираа 630 шахти што се наоѓаат на јавните површини во општина Илинден и дезинфицираа 3 300 метри квадратни јавни објекти, информираат од општината.

Скопје, 2 ноември 2021 (МИА) - Стручни екипи дератизираа 630 шахти што се наоѓаат на јавните површини во општина Илинден и дезинфицираа 3 300 метри квадратни јавни објекти, информираат од општината.
Дератизацијата и дезинфекцијата се дел од Програмата за заштита на населението од заразни болести на општина Илинден за 2021 година.
Во насока на спречување и сузбивање на заразни болести и инфекции, стои во соопштението, општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со примена на сите потребни мерки за заштита на населението. ар/лв/