• понеделник, 23 декември 2024

Ден на жалост утре во Косово поради смртта на албанскиот писател Исмаил Кадаре

Ден на жалост утре во Косово поради смртта на албанскиот писател Исмаил Кадаре

Приштина, 2 јули 2024 (МИА) - Претседателката на Косово, Вјоса Османи, ја прогласи среда (3 јули) за ден на национална жалост поради смртта на писателот Исмаил Кадаре.

Кабинетот на Османи соопшти дека среда е прогласена за ден на жалост, на денот кога ќе се изврши неговиот погреб. 

На Државниот протокол му е наложено  да ги преземе потребните активности. 

„Претседателката Османи, во јуни минатата година, го одликува писателот Кадаре со Орденот „Хасан Приштина“, меѓу највисоките признанија што Република Косово ги доделува на најистакнатите личности на нацијата. Претседателката во август го објави указот со кој светски познатиот албански писател Исмаил Кадаре доби државјанство на Република Косово“, се наведува во соопштението од кабинетот на Османи.

Денешниот и утрешниот ден се прогласени за денови на жалост и во Албанија.иа/ сд/

Остани поврзан