• понеделник, 23 декември 2024

Ден на жалост во Србија, тридневна жалост во Нови Сад

Ден на жалост во Србија, тридневна жалост во Нови Сад

Белград, 2 ноември 2024 (МИA) - Денеска е прогласен Ден на жалост во Србија, поради загинувањето на 14 лица врз кои се урна кровната конструкција на Железничката станица во Нови Сад. 

Меѓу загинатите е и еден македонски државјанин, идентификуван како Васко Саздовски - возраста не е позната, јавуваат српските медиуми.

Бетонската конструкција на станицата се урна вчера пред пладне, усмртувајќи 14 лица и тешко повредувајќи уште тројца.

Одлуката за прогласување Ден на жалост во цела Србија ја потпиша премиерот Милош Вучевиќ.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, прогласи тридневна жалост во градот. Според законот, Ден на жалост се прогласува по особено тешка несреќа што резултира со смрт, повреди или сериозно оштетување на здравјето на повеќе лица, или по смрт на висок државен функционер, пренесува Данас.

Ден на жалост може да се прогласи и по смрт на личност која има големи заслуги за земјата, како и поради некој трагичен настан, доколку Владата така процени. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан