• вторник, 14 мај 2024

Денот на пожарникарите се одбележува во Крива Паланка 

Денот на пожарникарите се одбележува во Крива Паланка 
Крива Паланка, 20 мај 2021 ( МИА) - Со презентација на опремата и начинот на работење на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка и со крводарителска акција, денеска во Крива Паланка се одбележува 20 Мај - Денот на пожарникарството.
- И во услови на пандемија најдовме начин да го одбележиме денешниот ден на нашата служба. Наши драги гости во дворот на ТППЕ ни беа учениците од второ и трето одделение од Основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ и ни беше задоволство да одговараме на прашањата што ги поставуваа за пожарникарската служба. Им ги презентиравме возилата и опремата што се користи во работењето и ја претставивме пожарникарската професија, која е и спасителна служба, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ - Крива Паланка.
На овој ден традиционално се одржува и крводарителска акција во просториите на единицата, со што се означува и хуманоста на професијата, но и одличната соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Крива Паланка.
Крводарителската акција ќе трае до 14 часот и во целост се почитуваат протоколите на Министерство за здравство и Владата за заштита од Ковид-19. ид/мд/

Остани поврзан