• петок, 05 декември 2025

Денот на младите во неготински Дисан ќе се одбележи со набљудување на Месечината

Денот на младите во неготински Дисан ќе се одбележи со набљудување на Месечината

Неготино, 12 август 2025 (МИА) - Со набљудување на Месечината вечерва во неготинското село Долни Дисан ќе се одбележи Денот на младите.  

- Организираме Лунарна вечер со „Ековита". По повод Меѓународниот ден на младите, ќе имаме магично дружење под ѕвезденото небо. Ќе ја истражуваме Месечината преку телескоп и ќе уживаме во нејзините мистични детали. Паралелно, ќе ги набљудуваме  Персеидите – еден од најубавите метеорски дождови во годината. Атрактивниот настан започнува во 21 часот, токму кога Месечината ќе изгрее со својата полна убавина, појаснија од еко регионалниот центар „Ековита", што долги години работи на полето на екологијата во регионот. 

Организаторите порачаа до сите заинтересирани за овој несекојдневен настан, да понесат добро расположение и да се подготват за ноќ полна со небесни чуда. 

Активноста е поддржана од Општина Неготино. свд/фф/

Фото: Фејсбук на „Ековита" 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан